Македонија

Започна изградбата на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“

12.03.2025 15:32

Започна изградбата, се постави камен - темелник на македонско – грчкиот граничен премин „Маркова Нога-Герман“ кај селото Долно Дупени...

Капитален милионски проект кој чини околу 17 милиони евра  е  дел од финансиската програма ЕУ за Преспа. Се очекува реализацијата на овој проект да заврши за 16 месеци, во истовреме ќе се гради и од грчка страна. Проектот опфаќа изградба на современа административна зграда за Царинската управа, но и целосна инфраструктура  водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, улици и паркинг.

Изградбата на граничниот  премин „Маркова нога“  се смета за  нова ера, од исклучителна важност не само за земјава туку и целиот регион. Се очекуваат  големи  културни, социјални и еколошки придобивки, зголемена економска и туристичка размена.

Граничниот премин „Маркова Нога – Герман“  е затворен пред 58 години. Повторно отворање беше најавено уште со потпишување на Преспанскиот договор, се очекува да биде ре-отворен во 2028 година.

 

Соња Рилковска