Еболата зема нови жртви

06.08.2014 11:49

Двајцата американски здравствени работници заразени со ебола, примија експериментален лек и реагираат позитивно...

Шпански мисионер којшто со децении работи во болница во Либерија заболел од смртоносниот вирус на еболата. 75-годишниот инаку католички свештеник е ставен во карантин од саботата, по смртта на директорот на болницата којшто починал од вирусот.

Двајцата американски здравствени работници заразени со ебола, примија експериментален лек и реагираат позитивно.

Светска банка ќе одвои 200 милиони долари итна помош за западна Африка, за да се спречи ширењето на болеста.

Во меѓувреме Сиера Леоне ја вклучи армијата во борбата против еболата којашто до сега уби околу 900 лица во повеќе афрички земји.