Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет немаат кредибилитет- вели Мицкоски
Тој нагласи дека најмалку што очекува е морална одговорност и да ги напуштат позициите членовите на Судскиот совет, за кои вчера Собранието изгласа недоверба.
Премиерот Мицкоски денес одговори на новинарското прашање за очекувањата по изгласувањето на интерпелациите за петмина членови на Судскиот совет. Тој нагласи дека најмалку што очекува е морална одговорност и да ги напуштат позициите членовите на Судскиот совет, за кои вчера Собранието изгласа недоверба.
„Очекувам најмалку морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, бидејќи јасно кажаа парламентарците, тие коишто ги избраа, дека тие го изгубија целиот кредибилитет. Дека тие повеќе немаат никаков кредибилитет, да бидат на тие места каде што се.Впрочем тоа тие го докажуваат со изборот на партискиот врховен судија, којшто доаѓа од Демократската унија за интеграција, којшто е вршител на должноста, знаете како гласа, не треба јас тука да објаснувам. Така што, со еден збор, последниот штит кој е во одбрана на поранешната владина коалиција СДСМ-ДУИ, се неколкумина обвинители и судии“, објасни Мицкоски.
