Рокас: Напорно работиме со владата на сите отворени прашања
По изјавата на европратеникот Томас Вајт дека со заеднички потпис на Европарламентот, Европската комисија и Бугарија може да се гарантира дека влезот во Уставот на Бугарите би било последно билатерално барање од источниот сосед кон нас. Без директен одговор Рокас вели напорно работиме со владата на сите отворени прашања...

Евроамбасадорот Рокас умерен, премиерот Мицкоски дециден дека треба дела. Коментари дадени по изјавата на европратеникот Томас Вајт дека со заеднички потпис на Европарламентот, Европската комисија и Бугарија може да се гарантира дека влезот во Уставот на Бугарите би било последно билатерално барање од источниот сосед кон нас.
Без директен одговор Рокас вели напорно работиме со владата на сите отворени прашања. Додека сè се реши сработете ги реформите.
Шефот на македонската влада бара: Признавање на пресудите од Стразбур за македонската заедница во Бугарија, признавање на македонскот јазик ,култура и посебност. Мора да ги почитуваме принципите, вели Мицкоски.
Во меѓувреме Македонија со реформска агенда за приближување кон Европската унија и отворање на поглавјата.
Миле А.Ристески
