Лешочкиот манастир ќе биде конзервиран и ревитализиран
За објектот, кој претставува интегрален дел од манастирскиот комплекс се обезбедени 6 милиони денари, негово завршување се очекува до крајот на годината.

Конакот на најголемиот духовен центар во тетовско, Лешочкиот манастир, конечно ќе биде конзервиран и ревитализиран. За објектот, кој претставува интегрален дел од манастирскиот комплекс се обезбедени 6 милиони денари, негово завршување се очекува до крајот на годината.
Надлежниот митрополит на тетовско- гостиварската епархија г. Јосиф, вели завршувањето на манастирскиот конак со капацитет од 50 легла, заедно со спомен собата на Кирил Пејчиновиќ, ќе биде од особено значење за развој на манастирскиот туризам.
Оваа година како капитален проект, се обезбедија и финансиски средства за ревитализација и раслојување на живописот на црквата Св. Богородица.
Манастирската црква во Лешок беше целосно уништена кога беше минирана во конфликтот во 2001 година. На sидовите останаа само неколку фрески од светители.
Александра Спировска
