Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата за убиството кај „Мавровка“
Кривичен суд треба да му изрече пресуда на убиецот кој минатото лето среде бел ден, со еден истрел во градите го застрела 59 годишниот Васил Ефтимов на паркингот кај Мавровка...

Попладне скопскиот Кривичен суд треба да му изрече пресуда на убиецот кој минатото лето среде бел ден, со еден истрел во градите го застрела 59 годишниот Васил Ефтимов на паркингот кај Мавровка. Сторителот на рочиштето призна вина.
40 годишниот Елвир Куртовиќ, во судницата рече дека излегол од затворот Идризово на викенд и не се вратил, постојано се дрогирал, а и на денот на убиството бил под дејство на кокаин. Изрази жалење за стореното.
Со истиот пиштол за кој немал дозвола, пукал и кон четворицата полицајци кои биле вклучени во неговата потрага. Адвокатката на Куртовиќ побара поблага казна, бидејќи обвинетиот признал вина. ја обвини државата за пропусти во ресоцијализацијата на затворениците.
