Солунската агенда не заживеа

16.12.2013 13:37

2014-та според Солунската Агенда требаше да биде година во која сите земји од Западниот Балкан ќе бидат интегрирани во Европската Унија. Но тоа не се случи. Македонија се уште е блокирана од Грција за започнување на преговори. Проширувањето нема да биде приоритет на грчкото Претседателство со Унијата. Грчкиот заменик министер за развој и конкурентност Панајотис Митараки за време на првата посета на Вашингтон, зборувајќи за приоритетите на грчкото претседавање  не спомна ништо за проширувањето.

2014-та според Солунската Агенда требаше да биде година во која сите земји од Западниот Балкан ќе бидат интегрирани во Европската Унија. Но тоа не се случи. Македонија се уште е блокирана од Грција за започнување на преговори. Проширувањето нема да биде приоритет на грчкото Претседателство со Унијата. Грчкиот заменик министер за развој и конкурентност Панајотис Митараки за време на првата посета на Вашингтон, зборувајќи за приоритетите на грчкото претседавање  не спомна ништо за проширувањето. Но ја потврди тезата на својот колега министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос дека спорот со името не бил билатерален , туку меѓународен спор.

„Мислам дека ова е прашање што треба да биде разрешено. Се надевам дека ќе видиме избор на политики што се поприфатливи кај нашите соседи, за да овој меѓународен спор биде разрешен.“ изјави   Панајотис Митараки грчки заменик министер за развој и конкурентност.

Според грчкиот заменик министер, главни приоритети ќе бидат областите за коишто е заинтересирана Грција. Имено како прв приоритет ќе биде отворањето на нови работни места, бидејќи во Грција според Митараки, 60 проценти од младите биле невработени.  Грција ќе инсистира ЕУ да се вклучи во искористувањето на природниот гас во Средоземното Море крај брегот на Кипар. Грција ќе инсистира и на построга контрола на границите на Унијата за да се спречи влезот на илегалците низ нејзина територија.

Еден од приоритетите на грчкото  претседавање со Европската Унија ќе биде спроведувањето на изборите за Европскиот Парламент идната година.

 

Ирина Гелевска постојан дописник на МРТ од Вашингтон