Политика

Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на 12-от Глобален Баку форум

13.03.2025 08:40

Сиљановска-Давкова на Баку форумот ќе има обраќање и на панелот „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“. На форумот ќе се дебатира и на панели на темите: „Геополитички промени: Одговорни партнерства наспроти ривалство“ и „Реосмислување на мултилатеризмот за мултиполарен свет“.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на отворањето на 12-от Глобален форум во Баку насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“.

Сиљановска-Давкова на Баку форумот ќе има обраќање и на панелот „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“. На форумот ќе се дебатира и на панели на темите: „Геополитички промени: Одговорни партнерства наспроти ривалство“ и „Реосмислување на мултилатеризмот за мултиполарен свет“.

Се очекува присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество.

Форумот се одржува во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, а меѓу говорниците на отворањето се најавени и претседателите на Азербејџан, Илхам Алијев, и на Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, генералниот секретар на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Претседателката Гордана Сиљановска-Двакова, во рамки на официјалната посета на Азербејџан, во изминатите два дена имаше средби со нејзиниот домаќин Илхан Алијев, претседателката на Националното Собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов.

На средбите е иницирано потпишување декларација за стратешко партнерство и соработка што ќе премине во договор со фокус на енергетиката и економијата.