Канада возвраќа на царините на Трамп
По ЕУ, и Канада им возвраќа на САД за воведените царини од 25 насто за алуминиумот и челикот, наметнувајќи строги нови даноци за американските производи, од текстил до говедско месо и бурбон...

Трговската војна ескалира. По ЕУ, и Канада им возвраќа на САД за воведените царини од 25 насто за алуминиумот и челикот, наметнувајќи строги нови даноци за американските производи, од текстил до говедско месо и бурбон. Трамп вети дека ќе одговори на одмаздничките тарифи на ЕУ.
Мексико пак, соопшти дека ќе чека напредок во американско-мексиканските преговори пред да донесе каква било одлука.
„Канада не таа што ги зголемува трошоците за вашите намирници или за вашиот бензин. Канада не е таа што ја става на ризик вашата работа, ниту пак, таа што ја почнува оваа војна. Тарифите на претседателот Трамп го предизвикуваат тоа. Нема можни победници во трговска војна. Испратете ја оваа порака до Белата куќа“, изјави Мелани Џоли, министерка за надворешни работи на Канада.
„Она што ќе го направиме, покрај средбата со производителите на челик и алуминиум во нашата земја, е да го чекаме 2-ри април, датумот кога го договоривме телефонскиот разговор со претседателот Трамп. Ќе почекаме до 2-ри април за да одлучиме дали ќе воведеме реципрочни тарифи“, изјави Клаудија Шејнбаум, претседателка на Мексико.
