Мирните демонстрации на пензионерите во Буенос Аирес завршија со жестоки судири
Буенос Аирес повторно гори. Мирните демонстрации на пензионерите поддржани од фудбалските навивачи против мерките за штедење на претседателот Милеи, завршија со жестоки судири...

Буенос Аирес повторно гори. Мирните демонстрации на пензионерите поддржани од фудбалските навивачи против мерките за штедење на претседателот Милеи, завршија со жестоки судири. Полицијата со водени топови и солзавец, толпата со палети и камења.
По насилствата, стотици демонстранти се солидаризираа собирајќи се пред резиденцијата на аргентинскиот претседател извикувајќи антивладини слогани.
„Тоа беше мирен марш и немаше никаков проблем сè додека не почнаа да ги користат хидрантите кон луѓето кои беа на тротоарот, да ги туркаат постарите, потоа навивачите почнаа да реагираат, но и тоа не беше бурна реакција. Се обидуваа да им помогнат на бабите и дедовците кои паѓаа“, изјави демонстрант.
