Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди Неапол
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Неапол во 1 часот и 25 минути по полноќ на мала длабочина од три километри...

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Неапол во 1 часот и 25 минути по полноќ на мала длабочина од три километри, соопштија италијанските сеизмолози.
Напојувањето со електрична енергија беше прекинато во делови од Неапол.
Многу луѓе во италијанскиот град и околината ја поминаа ноќта на улиците или во своите автомобили плашејќи се од нови потреси.
Како што јавуваат италијанските медиуми, земјотресот бил почувствуван во неколку области на регионот Кампанија. Во блискиот град Поцуоли, во близина на епицентарот на земјотресот, едно повредено лице е извлечено од урнатините на делумно урната куќа.
