Претрес во струшко, пронајдени оружје и муниција
При претресот извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8×57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола...

Вчера во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с. Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8×57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8×57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8×57, кои нелегално ги поседувал.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
