Досега легализирани 100.000 дивоградби
Клучен датум за оние кои досега не ја легализирале својата градба или не ја комплетирале документацијата е крајот на следната година...

Речиси 100.000 семејства досега добија правен статус за своите дивоградби и имотен лист. И покрај можноста за легализација, што стартуваше пред три години, институциите на терен се уште регистрираат нови дивоградби.
Клучен датум за оние кои досега не ја легализирале својата градба или не ја комплетирале документацијата е крајот на следната година, до кога треба да се достават потребните геодетски елаборати. Во спротивно, според најавите од општините, барањата за легализација ќе бидат отфрлени, а дивоградбите отстранети.
Најмногу барања за легализација беа поднесени во Скопје, и тоа во општините Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и Чаир, а по главниот град следуваат Куманово, Прилеп и Штип.
Крајниот рок за заокружување на целиот процес за легализацијата е септември 2017.
