Одбрана

Јавен оглас за прием на 60 кандидати во офицерски чин

13.03.2025 11:13

Според бројот на пријавените кандидати, оспособувањето и усовршувањето за офицери ќе се реализира во два дела. Првиот курс од април, со времетраење од 6 месеци и вториот, од ноември, исто така од 6 месеци.

Воената академија распиша конкурс за запишување 60 кандидати за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите во Министерството за одбрана и во Армијата, кој трае 15 дена.

Според бројот на пријавените кандидати, оспособувањето и усовршувањето за офицери ќе се реализира во два дела. Првиот курс од април, со времетраење од 6 месеци и вториот, од ноември, исто така од 6 месеци.

При избор на кандидатите се води сметка за соодветна и правична застапеност на припадниците на етничките заедници, со почитување на принципот на стручност и компетенции, велат од одбраната.

По завршување на стручното оспособување и усовршување, слушателите се произведуваат во чин поручник во соодветната служба и почнуваат со работа во Министерството за одбрана, согласно со актот за систематизација во министерството и актот за формацијата на Армијата.