Скопје

Акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички во Кисела Вода

13.03.2025 11:24

Согласно Законот за управување со дополнителните текови на отпад и член 63 од Законот за безбедност во сообраќајот, возилата кои ќе бидат евидентирани како отпадни и без регистарски таблички ќе бидат отстранети, доколку тоа не го стори сопственикот согласно дадениот рок од неколку денови.

​Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во соработка со GREEN ROAD ДОЕЛ, како и во консултација со Министерството за внатрешни работи, започнува со  обемна активност за системско решавање и отстранување на хаварисаните/отпадни возила од јавните површини на територијата на општината.

Како што нагласи, ова особено важи за оние кои паркинзите ги узурпираат и користат за препродавање на автомобили.

Согласно Законот за управување со дополнителните текови на отпад и член 63 од Законот за безбедност во сообраќајот, возилата кои ќе бидат евидентирани како отпадни и без регистарски таблички ќе бидат отстранети, доколку тоа не го стори сопственикот согласно дадениот рок од неколку денови.

По завршувањето на постапката возилата ќе бидат отстранети и однесени во отпадно депо, каде што граѓаните ќе имаат право да го повратат. Во спротивно, ќе бидат третирани како отпаден метал. Апелираме до жителите сами да си ги отстранат возилата согласно дадените рокови за да не подлежат на трошоци, затоа што наша цел не е казнување туку воведување ред во оваа сфера. Крајно време е да ги ослободиме паркинзите во Кисела Вода – изјави Ѓорѓиевски.