Сиљановска-Давкова: Да понудиме перспективи за врвниот заеднички интерес за траен мир
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Баку, Азербејџан, учествува на 12-тиот глобален форум. Сиљановска-Давкова ќе има и свое обраќање на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Баку, Азербејџан, учествува на 12-тиот глобален форум. Темата на која разговараат актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество е „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“.
Сиљановска-Давкова ќе има и свое обраќање на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“.
На маргините на форумот, претседателката Сиљановска-Давкова оствари средба и со албанскиот колега Бегај.
Во контекст на актуелните геополитички превирања, претседателката посочи дека од ден на ден имаме сè повеќе прашања, а сè помалку одговори, а светот станува многу поразлично место. Таа изрази уверување дека Глобалниот форум во Баку може да понуди свежи перспективи за тоа како да продолжиме да работиме во насока на постигнување и зачувување на мирот, како врвен заеднички интерес.
Во Баку е и министерката за енергетика Божиновска. Најавена е можност Македонија да се вклучи во зелен коридор.
Од Баку известува Мартин Пушевски
