Уште едно лице повредено од огнено оружје на свадба
Во гостиварското село Чегране, вчера при семејна веселба-свадба, непознато лице од огнено оружје испукало неколку куршуми во воздух, при што со лесни телесни повреди се здобил А.С.(33)...

Шест лица за три дена се повредени од огнено оружје за време на две свадба во гостиварското село Чегране и во струшкото село Џепин.
Во гостиварското село Чегране, вчера при семејна веселба-свадба, непознато лице од огнено оружје испукало неколку куршуми во воздух, при што со лесни телесни повреди се здобил А.С.(33), соопшти денеска МВР.
Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.
На свадбена веселба во неделата пет лица беа повредени во струшкото село Џепин, кога еден од гостите од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух.
