Мисајловски: Како држава дадовме многу, но сè уште сме во чекалната на ЕУ
Трибината по повод 5-годишното членство на Македонија во НАТО. Пред нас се сложени и опасни времиња. На европско тло повеќе од три години војна и токму затоа важно е секоја земја да го зголемува буџетот во одбраната, порача министерот на трибината, по повод пет години членство на земјава во НАТО.

Во овие 30 години, како држава дадовме и жртвувавме многу, но сè уште сме во чекалната на Европската унија, порача македонскиот министер за одбрана, Владо Мисајловски. Тој истакна иако веќе 5 години сме полноправна НАТО членка, тоа место во Алијансата требаше да ни припадне уште во 2008-ма година.
Членството во НАТО секогаш имаше силна поддршка од граѓаните, но, патот до таму беше полн со блокади и предизвици, констатира поранешниот Генерал-мајор Павле Арсоски. Додава дека членството во Алијансата претставува најголемиот придонес и гарант за безбедноста и стабилноста на Македонија.
Реформи на Воената академија, разгледување на состојбата со резервниот состав, враќање на задолжително служење на воен рок и одлучна борба со организираниот криминал и корупција, коишто сериозно можат да ја нарушат безбедноста на државата. Ова се дел од препораките на ветераните и резервистите од трибината посветена на 5-годишното членство на Македонија во НАТО.
Марија Котовска
