Уставот не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија, став на Уставниот суд
Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки акти и дејствија, а самостојноста и независноста на Уставниот суд е најсилна уставна гаранција, велат од судот...

Уставот не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија, ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт, став на Уставниот суд, по најавите за интерпелација на уставни судии.
Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки акти и дејствија, а самостојноста и независноста на Уставниот суд е најсилна уставна гаранција, велат од судот. Посочуваат дека овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на уставните судии.
Основите за престанок на функцијата уставен судија се предвидени во членот 111 од Уставот. Секоја постапка или дејствие преземено надвор од оваа уставна одредба би претставувало грубо кршење на Уставот, повреда на уставните гаранции за самостојноста и независноста на Уставниот суд, стои во соопштението.
