Во зоната „Марино- Кадино“ ќе се гради фабрика за кондиторски производи
06.08.2014 13:02
Новата инвестиција e на компанијата „Гранд-Експорт“...

Нова инвестиција во областа на кондиторската индустрија, вредна 5,5 милиони евра почна да се реализира во Општина Илинден.
Во слободната економска зона „Марино-Кадино“, на површина од 5.000 метри квадратни почна да се гради фабрика за кондиторски производи, која што на почетокот ќе овозможи отворање на нови 30 работни места, со можност за натамошно зголемување на бројот на вработени.
Новата инвестиција e на компанијата „Гранд-Експорт“, на чие поставување на камен темелник присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, треба да биде реализирана во рок од 1 година, соопштуваат од општината.
