Доживотна робија за убиството на 59-годишниот Васил Ефтимов
Доживотен затвор за убиецот на бизнисменот Васил Ефтимов кај „Мавровка“. Судијата не поверува на причините дека бил издрогиран. За пукањето кон полицајците ќе му се суди дополнително...

Обвинетиот Елвин Куртовиќ ќе остане цел живот зад решетки, ако повисоките судови не му ја преиначат казната. Скопска единица го осуди на доживотна робија за убиството на 59-годишниот Васил Ефтимов, инцидент кој се случи лани во август кај трговскиот центар „Мавровка“. Аргументот дека бил издрогиран не беше причина судот да ја намали неговата одговорност, ниту, пак, тоа што на претходното рочиште призна вина. За време на убиството бил пресметлив и знаел што прави, рече судијката.
Бил во затвор, но го пуштиле за викенд. Во обвинението стои дека по убиството со пиштолот се заканил и на сопругата на убиениот. И ја одзел чантата и кутија со алат што имале во автомобилот. Истиот ден кога полицајците сакале да го приведат почнал да пука кон нив со цел да ги убие. Обвинетиот имал и богато криминално досие. Од 16-та година почнал со кражби, разбојништва, сообраќајни деликти. Бидејќи не призна вина за поседување нелегално оружје и за обид за убиство на полицајци, за овие дела дополнително ќе му се суди.
Анита Димитријевска – Велковска
