Светски ден на бубрегот

За трансплатација на бубрег чекаат 167 пациенти, велат од Клиниката за нефрологија

13.03.2025 17:06

Дваесет и четири години Верче Пехчевска оди на дијализа трипати неделно, по три часа. Судбината си ја прифатила и сѐ имало некаков тек, додека не им бил укинат организираниот превоз којшто ги носел на дијализа во болницата „8 Септември“. Директор на Клиниката за нефрологија, Никола Ѓорѓиевски вели, мора да се подигне нивото на свесност за бубрежното здравје,

Дваесет и четири години Верче Пехчевска оди на дијализа трипати неделно, по три часа. Вели, судбината си ја прифатила и сѐ имало некаков тек, додека не им бил укинат организираниот превоз којшто ги носел на дијализа во болницата „8 Септември“.

Иако побаравме, од надлежните не добивме одговор.

Ако добиела здрав бубрег со трансплантација, Верче сега ќе имаше поинакво секојдневие. Но, не знае зошто нејзините лекари никогаш не и понудиле таква можност.

Вчера успешно е завршена трансплантацијата од починат донор.

Директор на Клиниката за нефрологија, Никола Ѓорѓиевски вели, мора да се подигне нивото на свесност за бубрежното здравје, да се превенира, со нова терапија која ја има Клиниката од минатата година, им се помага на пациентите за да се успори прогресијата на бубрежната болеста и да се спречи дијализа.

Секоја година има по нови 300-350 пациенти кои почнуваат со хемодијализа. Најмладиот пациент е 15 годишен, најстариот има 90 години.

Во земјава 1.600 пациенти одат на хемодијализа, а 170 пациенти чекаат бубрежна трансплантација.

 

Наташа Јанчиќ – Менковски