Невремето во регионот однесе еден живот- маж се удавил во својот подрум
Метеоролозите предупредуваат дека ваквото време ќе продолжи...

Силно невреме проследено со поројни дождови и моќен ветер предизвикаа поплави во текот на изминатата ноќ во Западна и Централна Србија.
Српскиот државен Хидрометеоролошки завод со црвен метеоаларм во повеќе региони предупредува на екстремни временски неприлики, потенцијално опасни по живот коишто би можеле да предизвикаат значителна материјална штета.
Во повеќе делови се забележани свлечишта и прекин на електричната енергија, а во во реонот на лозница реката штир се прелеа и ја поплави околината.
Првата жртва од поплавите е забележана во српска Бања Ковилјача, каде што 65-годишен маж се удавил во подрумот од својот дом.
Поројни дождови имаше и во главниот град Белград и во реонот на Крагујевац.
Состојбата е лоша и во Босна и Херцеговина. Поројните дожови ги поплавија улиците на Бања Лука, а врз некои угостителски објекти е причинета и материјална штета. Активирани се и свлечишта во поголемиот дел од градот.
Повеќе населби се без струја, а екипите на цивилна заштита и пожарникарските тимови се на терен.
Сообраќајот во некои делови од градот бил блокиран. Во тек е згрижување на граѓаните чиишто домови се поплавени.
Метеоролозите предупредуваат дека ваквото време ќе продолжи.
Марина Автовска
