Македонија
Премиерот Мицкоски со министрите Перински и Николоски ќе извршат увид на градежни активности во Ѓорче Петров
14.03.2025 08:01
Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, министрите и премиерот ќе извршат увид на градежните активности на еден од седумте проекти кои Општината ги реализира...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински, во рамки на „Каде што срцето е дома“ денеска ќе ја посетат општина Ѓорче Петров.
Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, министрите и премиерот ќе извршат увид на градежните активности на еден од седумте проекти кои Општината ги реализира со средства одобрени од првиот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти.
