Израел

Протести за ослободување на заложниците во Газа

14.03.2025 13:45

Нова рунда разговори за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас почна во вторникот...

Стотици демонстранти со нови блокади во Тел Авив. Бараат да бидат ослободени сите преостанати израелски заложници кои се држат во Газа. Нова рунда разговори за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас почна во вторникот. Израел сака Хамас да ослободи половина од преостанатите заложници во замена за ветување дека ќе преговара за трајно примирје. Наместо тоа, Хамас инсистира да почне преговори за потешката втора фаза од примирјето, во која ќе бидат ослободени преостанатите заложници, а израелските сили ќе се повлечат од Газа.

Израелските власти го прекинаа снабдувањето со електрична енергија, храна, лекови и други стоки за повеќе од два милиона Палестинци во Газа.