Македонија
Претседателот на Собранието во посета на Битола
14.03.2025 08:30
Гаши ќе има средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и ќе ги посети пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе престојува во посета на Битола.
Гаши ќе има средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и ќе ги посети пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните, во придружба на градоначалникот и пратеници од Битола, по што е предвидена изјава за медиуми.
Предвидено е претседателот на Собранието да го посети и Музејот на албанската азбука.
