Пекинг

Кина, Русија и Иран започнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

14.03.2025 08:48

Во заедничка изјава, заменици-министри за надворешни работи повикаа на укинување на санкциите на САД кон Иран поради нуклеарната програма...

Високи претставници од Кина, Русија и Иран во Пекинг на разговори за иранската нуклеарна програма. Во заедничка изјава, заменици-министри за надворешни работи повикаа на укинување на санкциите на САД кон Иран поради нуклеарната програма. Состанокот доаѓа откако американскиот претседател му напиша писмо на врховниот лидер на Иран да ги почне разговорите за напредната нуклеарна програма. Иако текстот на писмото не е објавен, доаѓа во момент кога Вашингтон воведе нови санкции за Техеран како дел од кампањата на Трамп за „максимален притисок“.

Кина, Иран и Русија пред само неколку дена спроведоа заеднички поморски вежби на блискиот исток.