Скопје

Делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

14.03.2025 08:48

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја.

Во периодот од 9:00 до 13:30 часот, корисниците од мв Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA, општина Карпош.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. „Врполе“, дел од ул. „Илија Димовски-Гоче“, дел од ул. „Мите Богоевски“ и дел од ул. „Михаил Глинка“, општина Аеродром.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. „Шандор Петефи“ , општина Кисела Вода.

Во периодот од 11:00 до 15:00 часот, дел од корисниците од ул. „Ацо Шопов“ и „Марк Твен“,  општина Карпош.