Македонија

УХМР: Викендов топло, од понеделник нестабилно време со дожд и грмежи

14.03.2025 11:22

Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Утре ќе се задржи топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h), иформираат од УХМР. Во попладневните и вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме.

Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.