Нема петта жртва од листерија!
Македонската телевизија директно од Институтот за јавно здравје од Кочани ја доби информацијата за демантот во кој се објаснува дека е погрешно пренесена веста за лицето кое веќе пред неколку дена починало...

Нема петта жртва на листеријата. Институтот за јавно здравје од Кочани ја демантира информацијата објавена на неколку портали во земјава, како и на кочанската телевизија.
Повеќе интернет страници во земјава ја пренесоа веста дека починало уште едно лице од смртоносната бактерија. Од Институтот за јавно здравје од Кочани велат дека станува збор за стара вест и дека нема петти случај на починат од листерија. Од Институтот велат дека погрешно е пренесена веста за лицето, кое неодамна починало и е единствено починато од Кочани.
Најдобра превенција за листериозата е термичката обработка на месото и месните производи и прописно миење на овошјето и зеленчукот.
