Македонија

Ѓорѓиевски: Финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство

14.03.2025 20:06

Наскоро ќе биде распишан Јавен повик на кој жртвите ќе можат да се пријават, а се гарантира и целосна дискреција на истите.

​Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека на денешната седница на совет се донела одлука за финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство. Како што истакна, наскоро ќе биде распишан Јавен повик на кој жртвите ќе можат да се пријават, а се гарантира и целосна дискреција на истите.

Општина Кисела Вода, ќе доделува финансиска помош на жртвите на семејно и родово базирано насилство. Борбата за спречување на секој вид на насилство е дел од нашата стратегија која во континуитет на спроведуваме. Оваа нова мерка, за која наскоро ќе биде распишан и Јавен повик, ќе гарантира целосна дискреција на жртвите кои ќе се пријават, а ќе приложат потврда дека се регистрирани како жртви на семејно насилство, изјави Ѓорѓиевски.

Претходно, во населбата Црниче, заедно со граѓанската организација „Крик“ отворена е канцеларија за психолошко советување на жртвите од булинг, семејно или било каков тип на насилство.