Кина, Русија и Иран повикаа на укинување на санкциите на САД кон Иран
Во заедничката изјава трите држави го поздравија ветувањето од Техеран дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за мирољубиви цели и дека правото на Иран за цивилна и мирна употреба на нуклеарната енергија треба целосно да се почитува...

Кина, Русија и Иран во Пекинг повикаа на укинување на санкциите на САД кон Иран поради нуклеарната програма. Во заедничката изјава трите држави го поздравија ветувањето од Техеран дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за мирољубиви цели и дека правото на Иран за цивилна и мирна употреба на нуклеарната енергија треба целосно да се почитува.
Состанокот доаѓа откако американскиот претседател му напиша писмо на врховниот лидер на Иран.
Иако текстот на писмото не е објавен, доаѓа во момент кога Вашингтон воведоа нови санкции за Техеран како дел од кампањата на Трамп за „максимален притисок“. Кина, Иран и Русија пред само неколку дена спроведоа заеднички поморски вежби на Блискиот Исток.
