Енергетика

Здружението на инженери поднесе претставка до РКЕ за високите сметки за струја

14.03.2025 18:46

Тие бараат измена на правилата за снабдување со струја и месечно отчитување на броилата. Според нивните пресметки, ЕВН годишно заработува два милиони евра од паушалното отчитување...

Здружението на инженери поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување на електрична енергија со став за спречување на неправедните наплати во сметките за домаќинствата и елиминирање на дополнителната неоправдана заработувачка.

Бараат да се изврши измена на правилата за снабдување со струја и да се воведе месечно отчитување на броилата, а во случај да не биде регистрирана потрошувачката да се издаде фактура од 420 денари со нула киловати потрошена енергија.