Ѓорѓиев: Студентите секој четврток бесплатно со воз

06.08.2014 13:23

Ова е овозможено согласно владините одлуки донесени минатиот месец, а кои досега ги искористиле 1.000 возрасни лица, 3.500 млади лица до 27 години, 600 студенти и 1.000 лица кои купиле билет со попуст...

Нова одлука на Владата за учениците и студентите. 50 насто намалување на цената на билетите за железничкиот превоз. Студентите ќе можат од утре, секој четврток во месецот да ги користат овие бесплатни поволности. За жените над 62 и мажите над 64 години секој втор викенд превозот е бесплатен.

Ова е овозможено согласно владините одлуки донесени минатиот месец, а кои досега ги искористиле 1.000 возрасни лица, 3.500 млади лица до 27 години, 600 студенти и 1.000 лица кои купиле билет со попуст.

Портпаролот Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата е задоволна од опфатот на лицата кои ја искористиле можноста бесплатно да го користат железничкиот сообраќај и посочи дека најмногу возрасни лица над 50 проценти патувале од Скопје, потоа следуваат Велес, Прилеп и Битола. Кај студентите и кај лицата кои купуваат со попуст најмногу биле од Велес, потоа од Прилеп, Битола и од Скопје.