МЗШВ: Се реализираше исплата на мерките за одгледани и продадени или заклани бројлери и за амортизирани несилки
Исплатени се 10.909.520,00 денари за мерката за одгледани и продадени или заклани бројлери се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери во период од октомври 2023 година до септември 2024 година во регистрирани кланични капацитети...

Земјоделците своите субвенции ги добиваат навремено. Денеска се реализираше исплатата на мерките за директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети и директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети, соопштуваат од МЗШВ.
Исплатени се 10.909.520,00 денари за мерката за одгледани и продадени или заклани бројлери се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери во период од октомври 2023 година до септември 2024 година во регистрирани кланични капацитети.
Извршена е исплата од 105.178.050,00 денари кон 32 корисници на мерката за амортизирани несилки заклани регистрирани кланични капацитети се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки во период од 1 октомври 2023 година до 30 септември 2024 година во регистрирани кланични капацитети.
