Белград
Српската полиција во состојба на готовност, ден пред најавените масовни протести во Белград
14.03.2025 13:22
Ден пред најавените масовни протести, анонимна дојава за поставени бомби создаде паника. Сопрен железничкиот сообраќај во сите правци. Српската полиција во состојба на готовност...

Врие во Белград. Ден пред најавените масовни протести, анонимна дојава за поставени бомби создаде паника. Сопрен железничкиот сообраќај во сите правци. Српската полиција во состојба на готовност, во очекување е да се соберат стотици илјади граѓани. Амбасадата на САД со безбедносно предупредување, да се избегнуваат толпите и критичните места. Има информации дека со трактори е блокиран приодот кон Собранието.
Оливер Бранковиќ известува каква е атмосферата во главниот град?
