Бугарија ја одложи модернизацијата на железничката пруга кон Македонија, Николоски вели-остануваме целосно посветени на изградба
Донесе одлука да не инвестира во делниците Софија-Перник и Перник-Радомир и покрај сите нивни досегашни обвинувања дека Македонија не работи на железничкото поврзување меѓу двете земји. Остануваме подготвени за дијалог со Бугарија околу техничките работи, Коридорот 8 е битен за регионот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Владата на Бугарија ја одложи модернизацијата на железничката пруга кон Македонија, дел од Коридорот 8. Донесе одлука да не инвестира во делниците Софија-Перник и Перник-Радомир и покрај сите нивни досегашни обвинувања дека Македонија не работи на железничкото поврзување меѓу двете земји. Остануваме подготвени за дијалог со Бугарија околу техничките работи, Коридорот 8 е битен за регионот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
„Остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо техничко решение во однос на тунел којшто треба да ги спојува двете држави и изградбата на третата секција затоа што сметаме дека Коридор 8 е исклучително значаен не само за Македонија туку за целиот регион и за цела Европа. Тоа е НАТО коридор, тој е втор најзначен коридор значаен за НАТО и нашата посветеност останува“, нагласи Николоски.
Тој додаде дека жалење ја примил информацијата којашто вчера пристигна, а која е официјален документ усвоен од бугарската влада, со кој Бугарија одлучи да ги тргне средствата кои претходно беа предвидени за реконструкција на делот од Софија до Ѓуешево, имајќи предвид дека пруга има, но таа е во очјана состојба и не може да се користи.
Николоски соопшти дека утрово испратил писма до Европската делегација, до Европската Транспортна Заедница, исто така и до двете банки ЕИБ и ЕБРД, имајќи предвид дека Македонија има потпишано договори за кредит за Коридор 8 во висина од 350 милиони евра и за истите доколку не се користат треба да плаќа резервации, а во овој случај не би се користеле не поради наша вина, туку по вина на соседната држава и мора да го заштитиме и финансискиот интерес на државата.
