Подобро здравје

Овие намирници треба да ги јадете барем еднаш неделно

06.08.2014 15:00

Истражувањата покажале дека секоја недела треба да јадете овошје и зеленчук, лосос, овес и различни производи од соја, за да го подобрите своето здравје.

Правилната исхрана и редовното вежбање се најбрзиот и најсигурен пат до доброто здравје. Истражувањата покажале дека секоја недела треба да јадете овошје и зеленчук, лосос, овес, и различни производи од соја, за да го подобрите своето здравје.

Овошје и зеленчук - Истражувачите забележале дека луѓето кои редовно јадат овошје и зеленчук имаат помал ризик да се разболат. Ова посебно важи за зелениот зеленчук. Кога станува збор за овошјето, одлучете се за бобинки бидејќи се полни со антиоксиданси, кои му помагаат на телото да избори со слободните радикали. Покрај тоа, бананите, јаболката и ананасот се покажале како сигурни сојузници за зачувување на здравјето.

Лосос - Оваа риба има големо количество на масти. На 100 грама лосос добивате 13 грама масти. Меѓутоа, маснотиите не значат дека треба да ја избегнувате оваа риба, туку спротивното. Ставете ја во вашето неделно мени бидејќи маснотиите кои ги содржи се премногу здрави. Омега-3 и омега-6 масните киселини се одлични за здравјето.

Овие масни киселини се многу важни за многу циклуси кои се одвиваат во нашиот организам. Од крвниот притисок, преку функционирањето на мозокот, па се до убавата и здрава кожа и коса.

Овес - Најчесто се јаде за појадок, а претставува совршен начин за почеток на денот, бидејќи содржи многу повеќе влакна и други житарки. Едно од состојките кои се наоѓаат во овесот се нарекува бета-глукан, и ја намалува апсорпцијата на холестеролот во цревата.

Производи од соја - Научниците кои ја истражувале сојата, забележале дека влијае на подобрување на протокот на крвта. Покрај тоа, таа е пребогата со влакна.

Таа не содржи масти, а покрај влакната, сојата е добар извор на квалитетни протеини. Ова е посебно важно за вегетаријанците или оние кои често постат.