жиранти

Некогаш да се биде жирант беше чест, сега тоа е вистински ризик

14.03.2025 16:46

Некогаш да се биде жирант беше чест, сега тоа е вистински ризик и за жирантот и за кредитобарателот, велат граѓаните. Малкумина знаат дека може да се случи и обратната ситуација, банката да побара од кредитобарателот кој си ги плаќа уредно и редовно долговите да го исплати целиот доспеан долг од жирантот кој не бил способен да го отплати...

Му бил жирант, на брата си кој бил кредитобарател. Но тој го заглавил со долгови откако не можел да го исплаќа редовно. Морал да продаде се, не само тој, туку и неговата сопруга, за да можат да го исплатат долгот на братот.

Вакви случаи низ земјата има на стотици.

Некогаш да се биде жирант беше чест, сега тоа е вистински ризик и за жирантот и за кредитобарателот, велат граѓаните.

Малкумина знаат дека може да се случи и обратната ситуација, банката да побара од кредитобарателот кој си ги плаќа уредно и редовно долговите да го исплати целиот доспеан долг од жирантот, кој не бил способен да го отплати.

Најчесто поради ова многумина ќе се најдат пред вратата на извршителските канцеларии. Затоа што одговараат солидарно за целата обврска и доверителот може да бара од секој поединечно или заедно да му ја платат долгуваната сума во целост. Доколку еден од должниците го исплати долгот, таа обврска престанува, вели извршителката Емилија Павловска.

Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на Народна банка, почна да се применува од 1-ви јануари лани. Таа е усогласена со барањата и практиката на Европската Унија.

 

Фиљана Кока