Синдикалците од соседството со поддршка на ССМ за барањето за раст на минималецот
Синдикалците од соседството со поддршка на Сојузот на синдикати на Македонија за барањето за раст на минималецот со став дека нема да има квалификувани работници ако нема пристојни плати за живејачка.

Европската конфедерација на синдикати со поддршка до Сојузот на синдикати на Македонија во борбата за повисоки плати. Барањата за раст на минималецот се оправдани, оти минималната плата во Македонија е најниска во регионот.
Од ССМ велат дека добиле сесрдна поддршка од регионалните и европските синдикати, па ако продолжи притисокот кон нив, тие ќе излезат на протести.
Премиерот очекува европските синдикалци да го сфатат аргументот на Владата за препирките со ССМ.
Минималната плата треба да се усогласи месецов. Според законот би се зголемила за 1.800 денари.
Челниците на земјите од регионот велат дека мора да има дијалог и преговори без притисоци, со цел зачувување на работничките права.
Борис Грујоски
