Николоски: Бугарија испрати јасна порака за непосветеност за изградбата на железничкиот Коридор 8
Владата на Бугарија ја одложи модернизацијата на железничката пруга кон Македонија, дел од Коридорот 8. Донесе одлука да не инвестира во делниците Софија-Перник и Перник-Радомир и покрај сите нивни досегашни обвинувања дека Македонија не работи на железничкото поврзување меѓу двете земји...

Одлуката на Бугарија за пренамена на средствата за изградба на железничкиот дел од Коридорот 8 е политичка. Испратија јасна порака за непросветеност.
Наместо реконструкција на пругата од Софија-Перник – Радомир, тие ќе градат пруга од Софија до Бургас, вели министерот Николоски. Според него со ова паѓа во вода и пропагандата дека македонската влада не сака да соработува со Бугарија и е насочена на оската Белград – Атина.
Македонија има отпишано договори за кредит за Коридорот 8 во износ од 350 милиони евра, што доколку не ги искористи ќе плаќа пенали.
На 17-ти јануари беше пуштена во употреба првата секција од Куманово до Бељаковце. Активно се работи на изградба на втората секција од 34 километри од Бељаковце до Крива Паланка, дел од железничкиот Коридорот 8.
Николоски вели дека остануваат посветени на дијалог со Бугарија за заедничко прифатливо техничко решение на тунел, што е предвидено во третата секција. Реконструкцијата на пругата Софија – Ѓуешево е неопходна да се спојат Скопје и Софија. Месецов испратил писмо преку МНР до бугарската влада, потенцирајќи ја важноста на Коридорот 8 како клучна артерија за целиот регион.
Александра Велинова
