МВР
Приведен криминалец баран со потерница
14.03.2025 19:24
Вчера во 11.10 часот на ул. „Девеани“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.К.(53) од с. Пештани, охридско, соопшти МВР...

Вчера во 11.10 часот на ул. „Девеани“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.К.(53) од с. Пештани, охридско, соопшти МВР.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Охрид за издржување казна затвор од една година.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната, стои во соопштението.
