Мицкоски на поставување на камен темелник на реконструкција на локален пат во Општина Студеничани
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на поставување на камен темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка делница село Црвена Вода „Китка“ во Општина Студеничани...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на поставување на камен темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка делница село Црвена Вода „Китка“ во Општина Студеничани.
Како што најавија од владината прес-служба, проектот е од првиот јавен повик на Владата во вредност од 63.537.537,78 денари, од кои учеството од страна на Министерство за транспорт изнесува 59.205.825 денари, а кофинансирањето на општината 4.331.712,78 денари.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.
