Голем протест на студентите во Белград
Илјадници демонстранти, главно студенти се собираат во Белград пред планираните масовни антивладини протести. Се очекува денешните протести да бидат најмасовните досега. Српскиот претседател Вучиќ предупредува дека на денешниот протест се планира насилство и се закани со апсења доколку дојде до било какви инциденти...

Илјадници демонстранти, главно студенти се собираат во Белград пред планираните масовни антивладини протести. Се очекува денешните протести да бидат најмасовните досега. Српскиот претседател Вучиќ предупредува дека на денешниот протест се планира насилство и се закани со апсења доколку дојде до било какви инциденти. Од друга страна пак подигнат е камп на студенти кои се противат на протестите под изговор дека сакаат да продолжат со студирањето и наставата, поради што се зголемени стравувањата од можни судири со демонстрантите. Во текот на вчерашниот ден полицијата уапси шестмина активисти и членови на опозициска партија под сомнение дека „подготвуваат акции против уставниот поредок и безбедноста“, откако претходниот ден на провладините телевизиски станици беше емитувана наводна снимка од нивната средба на која тоа го договараат.
Собирите редовно се одржуваат од 1-ви ноември првично поттикнати поради загинувањето на 15 луѓе по уривањето на настрешница на железничка станица во Нови Сад. На студентите им се приклучија средношколци, професори, наставници работници, земјоделци. Во декември минатата година, студентите издадоа сет барања што вклучуваат објавување на документи поврзани со катастрофата на железничката станица и преземање одговорност.
