За дел од граѓаните и најевтиниот леб е скап
Според Асоцијацијата на земјоделци и фармери ако килограм пченицата се откупува за околу десет денари, векна бел леб треба да се продава за 20. Производителите со став дека брашното не е најголемата ставка во цената на лебот, туку високите плати на пекарите, кои се екстремно дефицитарен кадар …

Цената на 450 грама бел леб се стабилизира на 30 денари. За добар дел од граѓаните лебот е скап, велат домашниот леб е поевтин и повкусен.
Според земјоделците, лебот не треба да е поскап од 20 денари, бидејќи цената на пченицата е ниска.
Цената на лебот не зависи само од брашното, велат пекарите, туку и од цената на струјата и најмногу од скапата работна рака.
Македонија и годинава ќе биде увозно зависна за лебното жито. Годишните потреби се околу 360 илјади тони пченица, а очекуваниот принос годинава е проектирана на околу 220 илјади тони.
Славица Величковска
