Каиро

Израелците и Палестинците во обид да постигнат договор

06.08.2014 15:22

Во Каиро се во тек индиректни разговори меѓу палестинските и израелските претставници. Државниот секретар на САД Кери ги повика двете страни да го искористат тридневното примирје за пошироки преговори.

„Поддржуваме сеопфатно решение. Двете страни мора да попуштат. Мора да им го олесниме животот на Палестинците, тоа јасно го кажавме за време на примирјето пред неколку дена, кое за жал, не успеа“, рече Џон Кери, државен секретар на САД.

Израелските медиуми, откако им беше укинато ембаргото, соопштија дека на 11-ти јули во Појасот Газа е уапсен осомничениот за киднапирањето и убиството на тројцата израелски тинејџери еден месец претходно, што беше поводот за офанзивата во Газа.

Ивана Салтировска