Ќе има ли доволно јајца на домашниот пазар?
Во светот се чувствува голем недостиг од конзумни јајца поради птичјиот грип. Се појави загриженост дали за Велигден ќе има доволно јајца на домашниот пазар, или ќе се зголеми извозот? Што велат производителите, трговците, а што државата-дали се потребни дополнителни мерки? …

Пазарот на јајца во земјава во моментов е стабилен. Колку и дали недостигот на конзумни јајца на светските пазари ќе се почувствува кај нас за велигденските празници, големите производители, живинарски фарми, не сакаат да предвидуваат. Малите производители и трговците, пак, категорично ги отфрлаат најавите дека ќе нема доволно јајца за Велигден. А поради иселувањето, побарувачката е дури и намалена.
До крајот на април е намалена маржата на јајцата, а 70 насто од производството мора да е на домашниот пазар. Надлежните будно ја следат состојбата. Засега нема потреба од грижи, а доколку се појават, може и да се забрани извозот.
Земјите го зголемуваат увозот на јајца. Во глобално време, пазарите не се изолирани.
Елизабета Митреска
