партии

Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

15.03.2025 16:30

Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Посочува Владата да се зафати со вистински реформи за кои Европа ни овозможува огромна сума пари како шанса да направиме вистинско независно судство и обвинителство...

Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка, вели лидерот на опозициската СДСМ Филипче. Според него заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека власта не сака ниту подобро, ниту независно судство и ја повика да почне да спроведува вистински реформи.

Премиерот Мицкоски уверува дека се работи за последниот штит на претходната власт од неколкумина судии и обвинители.

Случувањата во правосудството се аргумент дека судството и обвинителството не се ослободени затоа што се очигледни, вели првиот вицепремиер Меџити, обидите за лоши влијанија на процесите и тогаш кога има јасни одлуки.

Реакциите следуваат откако премиерот Мицкоски најави дека доколку после интерпелацијата членовите на Судски совет не си дадат оставки ќе им се случи народ чии протести ќе ги предводи тој.

 

Фиљана Кока