Македонија

Мицкоски: Наместо вистински борец за заштита на работничките права, Трендафилов се пресметува со мене и со Владата

15.03.2025 16:02

Наместо вистински борец за заштита на работничките права, Трендафилов се пресметува со мене и со Владата, вели премиерот Мицкоски за првиот човек на ССМ. Од СДСМ со став – намерно се политизираат барањата на Синдикатот, власта нема желба да ги зголеми платите на работниците. Мицкоски најави нов оперативен план за вработување...

Претседателот на Сојузот на синдикатите е перјаница на нападите кон Владата уште во првите сто дена работење на оваа Влада, вели премиерот Мицкоски. Трендафилов ја злоупотребува својата организација, зашто во раководството на Синдикатот има луѓе кои не го делат неговото мислење. Наместо вистински борец за заштита на работничките права, почна да се пресметува со мене и со Владата, вели премиерот Мицкоски за работењето на претседателот на ССМ.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, пак потенцираше дека владата намерно ги политизира барањата на Синдикатот, за да се одвлече вниманието од фактот дека немаат капацитет и желба да ги зголемат платите на работниците. Да се стави партиско обележје на една таква активност е недозволиво и недемократски, истакна Филипче.

Премиерот Мицкоски на поставувањето камен-темелник на локален пат, најави нов оперативен план за вработување, голема поддршка за младите до 29 години којшто на владина седница ќе биде усвоен овој месец.

Игор Панов