На ирачкото етничко малцинство Јазиди му се заканува смрт од глад

06.08.2014 15:25

На 5 илјади припадници на ирачкото етничко малцинство Јазиди им се заканува смрт од глад во наредните 24 часа. Останале блокирани на планината во близина на Синџар поради борбите на курдската пешмерга и на сунитските џихадисти.

„На планината Синџар нема вода, струја, патишта, леб, ниедно дрво, ништо за јадење. Ми се јави роднина. Пешачат и ги оставаат мртвите деца зад себе“, рече Абу Шакер, раселен жител на Ирак.

Други 45 илјади припадници на групата Јазиди веќе успеале да најдат заштита на курдска територија.

Ивана Салтировска